Елиф Елмас веќе влезе меѓу омилените кај навивачите на Фенербахче со голот против Галатасарај вчера, со кој неговиот тим и покрај негативата, и покрај играчот помалку на терен, стигна до еден бод, благодарение токму на македонскиот репрезентативец.

Тој утринава на својот „Фејсбук“ профил се заблагодари на сите за поддршката, напоменувајќи дека тој и неговиот тим сакале да победат на овој дуел.