Синоќа на дербито во БиХ, Широки Бријег одигра 0:0 кај Сараево, тоа беше и „македонско дерби“ зошто еден против друг беа Крсте Велкоски и Гоце Седлоски. Првиот како капитен на домашните, а вториот како стратег на Широки.

Некаде во финишот на мечот, кога судијата покажа пенал за „бордо“ тимот, Седло просто „експлодира“ и имаше вербален дуел со претставникот на Сараево. Дека тој бил во право, веројатно се докажа и по утката на Велкоски од белата точка.