Уште еден срамен настап на Реал Мадрид кој резултираше со лош резултат. Овојпат тимот на Зинедин Зидан се посрамоти на гостувањето кај Леганес со тоа што спасуваше бод.Во минатото Реал рутински ги победуваше ваквите ривали, но оваа сезона едноставно се мачи.

Вечерва на „Бутарке“ во рамките на 32.коло Реал имаше многу проблеми. Леганес поведе во 45 минута со голот на Џонатан Силва, а Реал изедначи во 51. минута преку Карим Бензема.

Тој резултат остана до крајот и двете екипи си поделија по бод. Реал остана на третата позиција со 61 бод, четири помалку од вториот Атлетико, а огромни -13 во однос на лидерот  Барселона. Леганес е во сигурната зона, на 11 позиција.

Интересно, Реал Мадрид не доби ниту еден од шесте натпревари сезонава на кој губел по првите 45 минути (две ремија и четири порази).