Капитенот Кирил Лазаров е најдобриот стрелец во нашиот национален тим со 30 погодоци на четири одиграни натпревари досега во рамките од квалификациите за Европското првенство 2020.

Со ваквиот учинок, тој е меѓу најдобрите стрелци во циклусот, односно е на делба на четвртата позиција заедно со германскиот репрезентативец Уве Гензхајмер, како и ракометарот на Косово, Валон Дедај.

На лидерската позиција на листата на стрелците е Деан Турковиќ (Италија) со 44 гола, додека швајцарскиот бек Андре Шмид е втор со 33 погодоци. На третото место е Естонецот Роба Јурген со 32 гола.

По Лазаров во нашата селекција втор најефикасен играч е Дејан Манасков со 22 погодоци, а тој во моментов е на 16. место на листата со ваквата досегашна реализација. Бекот Филип Талески има 19 погодоци и тој е трет стрелец во нашиот национален тим.