Македонските тенисерки со триумф од 3:0 против Конго го отворија учеството во Фед купот во групната фаза што се одржува во Хелсинки, Финска. Првиот триумф го донесе Магдалена Стоилковска која со 6:2/6:3 ја победи Глори Мфунгана. Во вториот меч Лина Ѓорческа исто така беше убедлива против Виктори Мфунгана со 6:0/6:1.

Во последниот меч кој беше само формалност, во двојки Ѓорческа/Стоилковска со 6:4 и 6:0 ги победија Глори и Виктори.

Утре тенисерките ќе се пресметаат против Косово. Во четврток е дуелот со Алжир, а во петок и пресметката со Кипар.