Некогашниот член на Вардар, Максим Максимов својата кариера ќе ја продолжи во таборот на летонскиот РФС.

Рускиот голгетер кој не ги оправда очекувањата, во Вардар мина нешто повеќе од една година, и од ноември минатата година не е во комбинација. Од него се очекуваше многу повеќе, но не го пружи она за што беше купен од Тракаи.

Инаку Вардар и Тракаи водеа спор за ангажманот на Максимов, а случајот и натаму е во инстутициите на ФИФА. Тракаи го обвини Вардар дека преговарала со играчот без нивно знаење, иако тој имал важечки договор. Сепак, од Вардар се бранеа дека ја платиле откупната клаузула и со тоа немало никаков спор, односно дека ги контактирале од Тракаи, но тие не одговарале.