Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ е лут на Јувентус. Лидерот на табелата во Серија „А“ загуби од Спал, а тоа многу го налути Михајловиќ, чиј тим е во битката за опстанок токму и против Спал.

„Нема да се мешам во туѓите дворови, но не мораше Јувентус да излезе со третолигашки играчи. Тие имаат два тима на квалитетни играчи“, рече Михајловиќ.

Он алудира на тоа дека тренерот Алегри играл со втор состав, и им дал шанса на некои млади играчи, чувајќи се за реваншот против Ајакс, во миг кога има обезбедена нова титула. А, Спал, пак, освои драгоцени бодови за опстанок.