Најголемото дерби во пролетниот дел во Цвајте доаѓа во незгоден момент за Хамбургер и во идеален момент за Келн. „Јарците“ со низа на победи веќе со една нога зачекорија во Бундес лигата, додека некогашниот европски шампион киксираше трипати по ред – два порази и реми – па сега има само три бода повеќе во однос на третопласираниот Унион Берлин.

ХСВ по секоја цема ќе мора да избегне нов неуспех бидејќи тоа освен што психолошки ќе ја дотепа екипата, на крајот на месецот ќе треба да играат токму против берлинците.

ГЕРМАНИЈА  2 – 29. коло

КЕЛН – ХАМБУРГЕР
понеделник, 20.30
Шифра: 3051

ПРЕДЛОЗИ
КМБ 1&2+           1,95
КМБ 1X&2-3       2,80
* Квотите подлeжат на промени

Келн е ефикасен на последните натпревари на домашен терен. На Сандхаузен му дадоа три, на Санкт Паули и Холштајн Кил по четири, на Арминија пет парчиња. Квалитетот е на страната на „јарците“, но такви голеади тешко да очекуваме и сега затоа што одбраната на ХСВ е втора најдобра во лигата, а и последните меѓусебни дуели завршија со 0-2 гола. Исто така, екипата на Ханес Волф не примила гол на трите претходно гостувања…

Во првиот дел од сезоната ХСВ славеше со 1:0. Од тој дуел се променија многу работи. Пред се кога е во прашање составот на Келн. За време на зимската пауза Маркус Анфанг доби три квалитетни бундеслигашки засилувања: Јоханес Гајс, Антони Модест и Флоријан Кајнц, додека летното засилување Доминик Дрекслер игра фантастично и е моторот на тимот.

Кец со малку голови би можел да биде добар избор.