Завршува ерата на Франк Рибери во Баерн Минхен. По цели 12 години престој во најдобриот германски клуб, тој во јуни на 36 години си заминува.

Тоа не е ново, ново е тоа што по се изгледадека се знае неговата следна дестинација, а таа е Катар, односно тимот на Ал-Садд Спорт. Челниците на овој клуб веќе контактирале со некогаш најдоброто крило во светот и му понудиле одлични услови.

Тоа значи дека во следната сезона многу веројатно е за Ал-Садд Спорт, заедно да играат Рибери и Чави Фернандез, кој веќе неколку сезони е во овој катарски клуб.