Како што велат нашите неофицијални информации, Беласица и Ѓоко Хаџиевски се пред разделба, тоа значи дека струмичани одново ќе останат без шеф на струката.

Како што дознаваме големо било незадоволството кај челниците на струмичкиот клуб со резултатите на екипата предводена од еден од нашите најпознати тренер, исто така екс селектор. Ѓоко доживеа елиминација во Купот, потоа не успеа да победи дома против Силекс и Победа, директните конкуренти во битката за опстанок.

Прашање е на часови кога ФК Беласица и официјално ќе ја извести јавноста дека се разделува со Хаџиевски. Ова е уште една неуспешна епизода на Ѓоко во мак – фудбалот во последно време, знаеме добро што се случи со Пелистер пред четири години со него на клупата.