По се она што се случуваше на вчерашното мега – дерби бр.56, ФФМ најверојатно ќе покрене постапка против Вардар и овој клуб ќе биде предаден на Дисциплинска комисија.

Да потсетиме дека на стадионот „Борис Трајковски“, вчера имаше националистичките изливи од страна на домашните фанови, а гостинскиот играч Мурати беше погоден со шише.

За тоа какви санкции ќе преземе Дисциплинската комисија останува да се види, но поучени од претходното искуство, веројатно ФК Вардар ќе мине само со парична казна.