Постојат големи шанси Никола Илиевски – Џиџи до крајот на сезоната веќе да не седи на клупата на Ренова. Имено стратегот на „гипсарите“ е под суспензија и тоа поради насилничко однесување на вчерашниот меч со Работнички, така пишува во записникот по мечот. Тој во финишот на натпреварот кој се одигра во Тетово а заврши со победа на гостите од 1:2, насилнички се однесувал кон судијата Марјан Маркоски и затоа бил исклучен. Велиме заврши сезоната за него, зошто за нешто слично едномесечна суспензија заработи тренерот на Вардар Александар Васоски, на кого веќе му истекува суспензијата. Ако Џиџи, кој е под суспензија, добие еден месец казна тоа значи дека не ќе може да го води својот тим до крајот на првенството, можеби ќе седи на клупата на последните два меча со Шкупи и Шкендија.