Теоријата за проклетството на Дрејк се прошири нив европските првенства во изминатите неколку денови. Темелот на таа теорија дека канадскиот рапер им носи несреќа на спортските ѕвезди.

Дрејк е голем обожавател на спортот и често може да се види на социјалните мрежи во друштво на спортисти, а во теорија оној што се фотографирал со него го следат лоши работи или порази. Дури и самиот Дрејк знае за „проклетството“ па претходно се шегувал на своја сметка на Инстаграм.

Прво Дрејк се фотографираше со Пол Погба, а потоа Французинот не направи ништо да спречи пораз на Манчестер Јунајтед од Вулверхемптон во ФА Купот на 16 март.

Пред една недела Дрејк се фотографираше со Пјер-Емерик Обамејанг, а потоа Арсенал изгуби од Евертон во Премиер лигата, а Грабонецот не се ни виде на теренот. Потоа Дрејк се фотографираше и со Серхио Агуеро, а Аргентинецот имаше лош настап против Тотенхем. Промаши пенал, а неговиот тим изгуби.

Дрејк беше гостин во Париз, а се дружеше со бекот на ПСЖ Лајвин Курзава, па во неделата скапоплатениот тим на ПСЖ беше демолиран на гостувањето кај Лил со 5:1 што е највисок пораз во последните 19 години.

А интересна информација дојде од Рома. Клубот им забрани да се фотографираат со Дрејк до крајот на сезоната.