Легендарниот фудбалер и сегашен селектор на БИХ Роберт Просинечки, денеска замина на нова операција која ќе му биде трета за само пола година.

Според „Аваз“, Просинечки вчера бил примен во болницата во Загреб, а веќе денеска требаше да му биде извршен оперативниот зафат. Тоа ќе му биде трета во рок од шест месеци. Тој истакна дека операцијата е рутинска.

„Веќе реков дека по мечевите со Ерменија и со Грција ќе одам на рутинска операција. Нема причина за драма“, изјавил Просинечки.