Билети за четвртфиналниот дуел меѓу Вардар и Пик Сегед повеќе нема. Сите карти кои беа останати се распродадоа во рекордно време, истите беа пуштени во продажба утринава, а на официјалната страница на „тикетс плус“ стои дека и само четири билети.

Според најавите, челниците на клубот ќе пуштат дополнителни карти на стоење. Ова значи дека унгарскиот тим го чека вистински пекол во вулканот „Јане Сандански“, вардаровите фанови сакаат трета година по ред да го видат својот тим на фајнл-фор завршницата во Келн.

Натпреварот е закажан за 25 април во 20 часот, реваншот се игра на петти мај.