Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини денеска оствари официјална средба со првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин во Швајцарија.
Муамед Сејдини:

“Среќни сме што во УЕФА имаме одличен партнер и на тој начин со поддршка од големиот наш пријател, Александар Чеферин ќе градиме уште посилна федерација со добра структура и одлични односи со другите асоцијации. ФФМ е нераскинлив дел од семејството на УЕФА која секогаш ќе ја помага својата база”, изјави Сејдини кој му подари дрес со неговото име на првиот човек на европската куќа на фудбалот.