Манчестер Јунајтед утре и гостува на Барселона во обид да ја анулира негативата од 0:1 од првиот меч во Манчестер. Стратегот на „црвените ѓаволи“ Оле Гунар Солскјер се враќа на „Ноу Камп“ на местото на кое го постигна голот кој ја одбележа неговата кариера, оној победничкиот против Баерн во финалето на Лигата на шампионите во 1999 година. Со тој трофеј Јунајтед заокружи „тројна круна“.

„Толку многу луѓе ми честитаа и зборуваа за мене таа ноќ. Тоа беше неверојатно. Ќе ви откријам нешто. Ниту еднаш не го изгледав цел меч. Еднаш ги имам изгледано последните 15 минути кои ги играв. А голот што го дадов – милион пати“, вели Солскјер.

ТИМОТ ПРОТИВ БАРСА ЌЕ ГО ОДБЕРЕ СПОРЕД ПРЕТЧУВСТВО

За тимот што ќе и се спротистави на Барса вели дека ќе го повтори моментот од реваншот со Пари Сен Жермен.

„Ќе го составам тимот според претчувство. Нема да правам план. Против ПСЖ го имав тимот на ум, имав план, а кога влегов на стадионот и си реков: Не, не, ќе сменам“, вели норвешкиот тренер.