„Спортмедиа“ смета дека Ристо Јанков, младиот голман на Работнички е најдобриот играч за ова 28. коло. „Романтичарот“ вчера во Тетово на гостувањето кај Ренова беше феноменален, спаси неколку чисти голови, а во 90. минута му одбрани пенал на Влатко Стојановски и со тоа му донесе три бода на својот тим. Покрај Јанков во тимот на колото од Работнички се и стрелците на головите Вијачки и Пеев, од Вардар тука се Манев и Цветаноски, од Шкендија вообичаено Муслиу, потоа Тотре и Агим Ибраими. Додека од Шкупи во идеалниот тим се Броја и Мухарем.

ИГРАЧ НА КОЛОТО

РИСТО ЈАНКОВ

Тим: Работнички

Роден: 05.09.1998 во Скопје

Кариера: Работнички, Локомотива, Работнички