Вардар е на прагот пред третиот настап на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите, а пред почетокот на четврт-финалните мечеви ЕХФ објави кои играчи се во најдобрата седморка според изборот на тренерите. И нималку чидно е што токму двајца ракометари на македонскиот првак се најдоа на тој список.

Според гласањето на 24 од вкупно 28 тренери на тимови во Лигата на шампионите, Дејан Милосављев и Даинис Криштопанс сезонава заслужуваат да бидат во иделаната седморка.

Според тренерите од тимовите во ЛШ, иделаниот тим сезонава изгледа вака:

голман – Дејан Милосављев (Вардар)
лево крило – Уве Генсхајмер (ПСЖ)
лев бек – Микел Хансен – (ПСЖ)
среден бек – Енди Шмит – (Рајн Некар)
пивотмен – Јаник Колбахер (Рајн Некар)
десен бек – Даинис Криштопанс (Вардар)
десно крило – Блаж Јанц (Кјелце)

дефанзивец – Тобијас Карлсон (Флензбург)
млад играч – Мелвин Ричардсон (Монпелје)

тренер – Хуан Карлсо Паштор (ПИК Сегед)