Некогашниот фудбалер на англиските Јорк Сити и Бостон Јунајтед Рајс Томпсон е осуден на три годин и четири месеци затворска казна откако беше прогласен за виновен за тепање на својата девојка.

Фудбалерот насилник со метална шипка за тепал својата девојка, со стакло ја сечел по грбот и ја терал да јаде боја. Девојката која сакаше да остане анонимна го пријави својот дечко до полицијата која го уапси, а пред судот во Нотингем тој призна за насилството.

Девојката има дупната глава, скршени ребра, скршена вилица и модринки и лузни по целото тело…