Претседателот на УЕФА Александар Чеферин денеска се сретна со претседателот на Фудбалската федерација на Северна Македонија Муамед Сејдини и генералниот секретар Филип Поповски.

Тоа е прва средба на Сејдини на УЕФА откако во март беше избран за претседател на Фудбалската куќа на нашата држава. Сега и официјално сме примени во УЕФА под новото име Северна Македонија, а Чеферин со ентузијазам зборуваше за македонскиот фудбал и најави помош во понатамошен развој.

„Воодушевен сум од средбата со Сејдини. Му се восхитував на ентузијазмот што тој го покажа денес кога разговаравме за идните проекти, и среќен сум што потврдувам дека УЕФА ќе остане сигурен партнер на Фудбалската федерација на Северна Македонија и ќе продолжи да им помага во нивните развојни стратегии“, рече Чеферин.