Професионалниот фудбалски клуб од Украина Суми кој моментално се натпреварува во Втората лига беше „уловен“ во црното тото на местење на натпревари за пари. Клубот заработил над 10 милиони евра од местење на натпревари, а на списокот се 30 натпревари кои завршиле со „потребниот“ резултат.

Освен што клубот е дискфалификуван и му е одземен професионалниот статус односно експресно ќе биде префрлен во најнизок ранг на натпреварување, првиот човек на клубот Ростаслав Козар, тренерот Александар Севидов и четворицата фудбалери Олег Давидов, Егор Лугови, Тарас Дурај и Сергеј Гарашенков добија доживотни суспензии.

Од Комитетот за етика и фер-игра на Украинскиот фудбалска федерација соопштија дека ФК Суми на два начини ги местел натпреварите: поткуп на судии или противнички играчи, или се обложувале на своја победа односно пораз.

„Значи поткупувале судии или играчи па се обложувале на своја победа, а кога тоа не можеле да го направат играле против себе и заработувале пари. Така функционирал клубот во изминатите две години“, рече Франческо Баранка, првиот човек на Етичкиот комитет на ФФ на Украина.

Според Баранка тие правеле облози и во Украина и во странство, а најчесто во Азија.

„Ако зборуваме за тоа колку се заработени од овие шеми – сумата е околу 10 милиони евра“, вели Баранка.

Пред да биде исфрлен од првенството Суми го држеше 13-тото место со 15 бодови по 21 коло.

ФК Суми е клуб од истоимениот град и е формиран во 2008 година кога почнал да игра во третата Б лига. По две години заиграл во третата А лига, а од 2012 и во Втората лига кога и го добива статусот на професионален фудбалски клуб.

ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО НА ОВОЈ ЛИНК