Престижното француско издание „Франс Фудбал“ излезе со скандалозна насловна страница. „Дали си за Меси или за Роналдо“, прашува францускиот магазин на насловната страница алудирајќи на вечната битка помеѓу нив во светот на фудбалот кој го привлече вниманието затоа што ставени се цртежи од двајцата фудбалери како се бакнуваат. Идејата е земена од делото на шпански урбан сликар кој пред две години го нацрта на неколку места во Барселона со наслов „Љубовта е слепа“ и кое уште тогаш предизвика бурни реакции во јавноста, а сега популарниот француски магазин реши да го искористи за својата насловна страница. Целта е исполнета – предизвика внимание и реакции….

Во изданието „Франс фудбал“ ги анализира меѓусебните дуели на двајцата најдобри фудбалери на денешницата.

Се очекува Меси и Роналдо да се пласираат во полуфиналето на ЛШ, а потоа да се борат за евентуален финален меч помеѓу Барселона и Јувентус.

Двоецот се уште не се сретнал во директен натпревар откако Португалецот го напушти Реал.