По 28. коло и по мега – дербито, Шкендија остана со таа разлика од 12 бодови предност во однос на Вардар, инаку треба да се одиграат уште осум кола. Но интересно е тоа што веќе следната среда, Шкендија може и официјално да биде прогласена за шампион на Македонија за сезоната 2018/2019.

В сабота, во рамките од 29. коло Шкендија игра дома со Македонија ЃП, а Вардар ја дочекува Ренова. Во среда пак тетовци и гостуваат на Беласица а Вардар пак игра во Ѓорче. Реално е да се очекуваат две сигурни победи на шампионот, а Вардар пак ако загуби од „гипсарите“ и од „лавовите“ тогаш Шкендија со +18 бодови пред Вардар на шест кола до крајот веќе никој не ќе може да ја мине.

Ако не, тогаш Шкендија на 27 април, на свој терен против Шкупи, најверојатно пред полн стадион ќе ја официјализира својата трета титула во историјата или втора по ред.