На вчерашниот натпревар со Победа, на играчот на Беласица Јордан Серафимов му беше врачен дрес со бројот 100, како награда за одиграниот 100-ти натпревар во дресот на струмичкиот тим.

Серафимов со тоа влезе во клубот 100 на оваа екипа, со оглед дека во тимот настапуваше и додека беше второлигаш и третолигаш.

Наградата му ја врачи сопственикот на Беласица, Славчо Васков.