Да не си им во кожа на сите во таборот на Победа. Наназад три години си имаат проблем каде да ги играат домашните натпревари. Битола, Кичево, Кавадарци, Струмица, Турново, Штип, Охрид… веројатно заборавивме некој град или стадион, и сега, за саботниот дуел од 29. коло со Шкупи, прилепчани за град домаќин го одбраа Кочани и стадионот „Никола Мантов“.

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ, СИТЕ ВО САБОТА…

Како што беше и порано, така е и сега. Кога во државата има избори, а во недела нели се претседателските, ФФМ по сугестија на МВР, вообичаено го менува терминот на одигрување на колото. Па така место во недела на 21 април, сите мечеви од 29.коло се закажани за во сабота, ден порано. Во сабота ќе се играат и сите десет мечеви во редовните кола во двете втори лиги. Значи ќе „врие“ од фудбал во сабота во Македонија.