Словенечкиот кошаркар, Лука Дончиќ оваа сезона е во центарот на вниманието по фантастичните парии во дресот на Далас.

Тинејџерот важи како голем фаворит за наградата најдобро руку оваа година, но пред крајот на сезоната се подобро игра и играчот на Атланта, Трае Јанг, па битката за наградата ќе биде неизвесна/

Словенецот вели дека не чувствува никаков притисок и дека добро се забавува.

„Секако да би сакал да победа, но искрено…Баш ми е гајле. ќе отидам дома, ќе ги згаснам сите социјални мрежи и нема да знам што се случило, никој нема да може да ме најде“, се пошегува Дончиќ и додаде:

„Не очекував дека ќе играм толку добро. Сепак знаев дека можам да се наметнам во НБА-лигата, гледав многу натпревари додека играв во Европа и добро знаев како функционираат работите“.