Маестралниот Лео Меси постигна два гола во првото полувреме на мечот против Манчестер Ј. во реванш четврфиналето на Лигата на шампионите, а во неколку наврати си поигруваше со фудбалерите на Оле Гунар Солсјкер креирајќи шанси и за трет гол. Особено воочлив беше дуелот со дефанзивецот Фил Џонс, кој не знаеше каде му е главата во дуелот со Аргентинецот, кој во оваа акција креираше извонредна шанса за Барса, која среќно Де Хеа успеа да ја запре со рамото.