Кошаркарите на ЛА Клиперс приредија големо изненадување, по голем пресврт го совладаа Голден Стејт со 135:131 и изедначија на 1-1 во плеј-офот во Западната конференција.

Актуелниот шампион во 29. минута имаше огромна предност од +31 (94:63) и речиси никој не веруваше дека гостите ќе успеат да се вратат во мечот и ќе го режираат најголемиот кам-бек во историјата на доигрувањето.

Клиперси направија серија од 11-0 и на 5:34 до крајот се доближија на 120:117, самодовербата се врати целосно, Лу Вилијамс донесе изедначување 128:128. Во следниот напад Кари врати за 131-128, но гостите со серија од 5-0 поведоа со 131-133.

Кари не успеа повторно да погоди од линијата за три поени, на другата страна на теренот Монтрезл Херел со две слободни фрлања ги постави крајните 135-131.

Влијамс со 36 поени и 11 асистенции го предводеше својот тим, Херел имаше 25 поени, кај актуелниот шампион Кари запиша 29 поени, додека Дурент 21.

На втората средба Филаделфија го совлада Бруклин со 145:123 и изедначи на 1-1.