Поради здравствените проблеми со кои извесен период се соочуваше првиот тренер на кратовци Момчило Митевски, раководството на Силекс денес одлучи да го ослободи од обврските. Информациите велат дека на местото на Митевски до крајот на сезоната ќе биде тројката негови помошници, Горан Симов, Драган Ивановски и Новица Динев.

Заминувањето на Митевски доаѓа во незгоден момент, затоа што кратовци грчевито се борат за обезбедивање на прволигашкиот статус и следната сезона.

Митевски изрази благодарност до раководството на Силекс што му излезе во пресрет, а тој и во иднина секогаш кога ќе биде во можност, максимално ќе помага на клубот во кој оствари солидна и играчка и тренерска кариера.

фото: aberdzija.com