Новак Ѓоковиќ имаше големи проблеми во првиот меч на мастерсот во Монте Карло против Германецот, Филип Колшрајбер. До победата дојде во три сета, со многу нервоза.

Во вториот сет (кој го загуби со 6:4) му „пукна филм“ на Србинот, па настрада рекетот, преку кој тенисерот ја исфрли негативната енергија.

Нервозни испади со пцовки и негодување со публиката имаше и во третиот сет, за на крајот се да заврши со насмевка и пласман на најдобриот тенисер на светот во третото коло во Монте Карло.