Очекувавме победа на Барселона во првиот натпревар, но верувавме дека Манчестер Јунајтед пред своите навивачи може барем до еден гол кој би му дал какви-такви шанси за во реваншот. Вака, натпреварот на „Ноу Камп“ за „ѓаволите“ ќе биде крај на плановите во Лигата на шампионите, без оглед што во претходната рунда направија сензација со Париз иако претходно сите ги отпишаа. ПСЖ си замина од Манчестер со двојно поголема предност, а Јунајтед во „градот на светлината“ ја надополни, меѓутоа тоа не можеме да го кажеме и во случајот со Барселона.

„Каталонците“ во ова натпреварување последниот пораз на свој терен го доживеја на 1 мај 2013, кога Баерн ги понижи во двата полуфинални дуели. Од тогаш, порази избегнаа само Атлетико Мадрид, Јувентус и Тотенхем (лондонскиот клуб оваа сезона во групната фаза). Притоа, Јунајтед на овој терен не знае за триумф (по два порази и ремија). Кога би сакале да бидеме иронични би истакнале дека домашните ќе бидат малку ослабени во реваншот бидејќи поради суспензија нема да игра стрелецот на победничкиот гол од првиот меч, дефанзивецот на Јунајтед Лук Шо.

ЛШ – 1/4 финале (реванш)

БАРСЕЛОНА – МАН. ЈУНАЈТЕД
Вторник, 21.00
Прв натпревар 1:0
Шифра: 6411

Наши предлози
КМБ 1&1+I         1,53
ПК          1-1          1,85
* Квотите подлежат на промени

* Барселона нема пораз во 30 натпревари на домашен терен во Лигата на шампионите. Таа серија почна од мај 2013 и поразот од Баерн, а потоа следуваа 27 победи и три ремија. Со тоа го урнаа претходниот рекорд на Баерн од 29 меча без пораз во период од март 1998 до април 2002.

* Барселона успеала да помине во наредната фаза во 36 од 38 случаеви во кои победувала на првиот меч како гостин.

Очекувавме победа на Барселона во првиот натпревар, но верувавме дека Манчестер Јунајтед пред своите навивачи може барем до еден гол кој би му дал какви-такви шанси за во реваншот. Вака, натпреварот на „Ноу Камп“ за „ѓаволите“ ќе биде крај на плановите во Лигата на шампионите, без оглед што во претходната рунда направија сензација со Париз иако претходно сите ги отпишаа. ПСЖ си замина од Манчестер со двојно поголема предност, а Јунајтед во „градот на светлината“ ја надополни, меѓутоа тоа не можеме да го кажеме и во случајот со Барселона.

„Каталонците“ во ова натпреварување последниот пораз на свој терен го доживеја на 1 мај 2013, кога Баерн ги понижи во двата полуфинални дуели. Од тогаш, порази избегнаа само Атлетико Мадрид, Јувентус и Тотенхем (лондонскиот клуб оваа сезона во групната фаза). Притоа, Јунајтед на овој терен не знае за триумф (по два порази и ремија). Кога би сакале да бидеме иронични би истакнале дека домашните ќе бидат малку ослабени во реваншот бидејќи поради суспензија нема да игра стрелецот на победничкиот гол од првиот меч, дефанзивецот на Јунајтед Лук Шо.

„Блауграна“ во саботата одигра 0:0 на гости кај „фенерџијата“ Уеска, но на тој меч играа резервни играчи и некои од помладата гарда (некои одработуваа картони, некои заздравуваа од повреди), а Ернесто Валверде сега би требало да го има на располагање најсилниот состав. Ни Јунајтед не блескаше таа вечер против Вест Хем, иако славеше со 2:1 (двата гола Пол Погба ги постигна од пенал). Што се однесува до повредените, Солскјер нема да смета на Андер Ерера, додека Немања Матиќ би требало да се врати во тимот.

Не се сомневаме во кецот, но квотата е мала, па ви предлагаме КМБ 1&2+I и ПК 1-1.