Петар Наумоски ги ужива последните денови како претседател на македонската кошаркарска федерација, неговиот мандат наскоро завршува. За местото на легендарниот кошаркар и официјално ќе се борат актуелниот спортски директор на МКФ, Владимир Темелковски и некогашниот капитен на нашиот најдобар национален тим, Перо Антиќ. Двајцата вчера и официјално потврдија дека ќе поднесат кандидатура за оваа функција, а според нивното препукување на „Фејсбук“, битката ќе биде жестока, во текот на вчерашниот ден се изначитавме бројни навреди…

Иако беше најавено дека изборното Собрание ќе се случи уште во мај, „Спортмедиа“ дознава дека истото најверојатно ќе биде во јуни. Ова е желба на Наумоски, сака како претседател до крај да го „истера“ првенството, а потоа да се повлече.

Третиот кандидат кој може да сме вмеша во трката е Есад Рахиќ, кој нема спортска биографија, неговата пасија е политиката, беше пратеник во Собранието на Република Македонија, но како што дознаваме, има желба да влезе во кошарката.