Франсоа-Анри Пино, угледниот француски бизнисмен и сопственик на фудбалскиот клуб Рен објави дека ќе донира голема сума на пари за реконструкција на Катедралата Нотр Дам во Париз која беше сериозно оштетена од вчерашниот големи пожар.

„Оваа трагедија ја погоди цела Франција. Сите сакаме што побргу да го обновиме овој бисер на нашето културно наследство. Јас и мојот татко решивме да донираме 100 милиони евра од нашата инвестициска компанија Артемис за да помогнеме во комплетна реконструкција на Нотр Дам“, вели Пино.

Најпознатата Катедрала во Париз беше зафатен од голем пожар поради кој кровот е целосно уништен како и делови од градбата, а според последните информации поголемиот дел од реликвиите во зградата се спасени.

Пино исто така е шеф на компанијата Керинг која ги контролира брендовите: Гучи, Ив Сен Лорен, Баленсиага, Александер Мек Квин и други.

Се очекува и другите спортски асови на Франција да го следат примерот на Пино и да помогнат во обнова на Катедралата во Париз.