Изминатиот викенд се одиграа натпреварите од редовните кола во Првата и двете Втори лиги. И кога ќе се погледнат бројките во однос на посетата на стадионите каде што се играше фудбал, се доаѓа до податок кој е срамен за нашата елитна лига, за клубовите што играат во неа или беа домаќини. Па така на сите пет меча имаше вкупно 2.000 гледачи. На Чаир околу 1.000, на дербито во Маџари 500, во Тетово не повеќе од 100, во Струмица можеби 200, во Ѓорче само 200, и така се доаѓа до бројката од 2.000. Е сега таа бројка е само половина од онаа од 4.000 која беше забележана на дербито на Тиквешијата каде се сретнаа меѓусебе Тиквеш и Вардар Неготино. Треба ли коментар зошто е тоа така?