Кошаркарите на ЦСКА (М) стартуваа со моќна пратија против Басконија во првиот четврфинален меч од плеј-офот во Евролигата. На домашен терен, Русите имаа само една четвртина проблем со гостите од Шпанија, а во остатокот од мечот покажаа тотална доминација.

Особено квалитетна беше третата четвртина која рускиот состав ја доби со 17 кошеви разлика и тотално ги отпиша Шпанците од идејата дека можат да направат изненадување во Москва. Со оваа победа „армејците“ ја поведоа серијата до три победи, во која влегоа како голем фаворит. Серхио Родригез постигна 19 поени во победата на домашните, а Кори Хигинс мечот го заврши со 12.

Следниот меч е исто така во Москва и ќе се одигра во четврток, по што серијата идната недела се сели во Шпанија.