Будуќност не дозволи Црвена Звезда да дојде до третата победа и среде „Морача“ да го подигне пехарот во АБА-лига. Црногорскиот тим собра сили, носен од поддршка од своите фанови го совлада српскиот тим со 80-72 (18-25, 27-25, 21-8, 14-14) и намали на 2-1 во плеј-оф серијата.

Почетокот на мечот најавуваше дека ова ќе биде лесен триумф за гостинскиот тим (18-25), но добрата игра во одбраната во третата четвртина беше клучна за кам-бекот на Будуќност, на противникот му дозволи да постигне само осум поени.

Со добрата игра продолжија и во последната четвртина, на две и пол минути до крајот имаа плус десет 75-65.

Кол со 20 и Кларк со 14 поени беа најдобри кај Будуќност, кај Црвена звезда Риверс имаше 19 поени.

Мечот број четири се игра за два дена, Будуќност одново е домаќин.