Во Италија, нов скандал околу семејството на аргентинскиот голгетер од екипата на Интер, Мауро Икарди. Како што објавија италијанските таблоиди, сопругата на Икарди, Ванда ќе ја тужи сестрата на фудбалерот поради навреди.
Сестрата на Мауро, Ивана, редовно се појавуваше на телевизија и ги критикуваше активностите на аргентинскиот модел, нарекувајќи ја “најлошиот непријател” на семејството  Икарди. Последниот настап на Ивана пред тв-камерите во кои зборува за Ванда и нејзиниот однос со семејството, но и со самиот Мауро, Ванда решила да поведе судски спор.
Ванда ќе побара од судот да и забрани на сестрата на Мауро да го користи него и неговата популарност за себе промоција, се вели во соопштението кое до медиумите во Италија го испратил нејзиниот адвокат.