Уште еден италијански тим се вклучи во трката за потписот на Елиф Елмас. Станува збор за тимот на Интер кој што е најновиот во редот кој што го сака македонскиот репрезентативец во своите редови.

Тоа е уште еден тим од Италија после Фиорентина и Лацио кој го сака Елмас, а најновите информации говорат дека сега и Аталанта се распрашува. Исто така од другите лиги, за него има интерес од Тотенхем, Борусија Дортмунд, Кардиф…

Фенербахче истакна дека нема намера да го пушти Елмас за сума под 20 милиони евра.