Вечерва продолжија возбудувањата во Лигата на шампионите, а уште не спласна еуфоријата по онаа сензација на Ајакс во Торино и убедливиот триумф на Барса над Манчестер Јунајтед, вечерва се играат два возбудливи дуели. Посебно фантастичен е оној на „Етихад“ на кој копјата ги кршат Манчестер Сити и Тотенхем. Стартот беше фуриозен – четири гола во првите 11 минути нешто што првпат се случува во меч од Лигата на шампионите.

Рахим Стерлинг постигна убав гол за водство на Сити, а домашните уште не се израдуваа како што треба следуваше двоен шок. Кореецот Сон двапати ја затресе нивната мрежа за пресврт на Тотенхем. Во 11 минута „граѓаните“ возвратија по ударот на Силва и одбиената топка од еден од дефанзивците на Тотенхем за 2:2.

Во 21. минута Рахим Стерлинг повторно ја тресе мрежата на Тотенхем за 3:2 но овој резултат не е доволен – потребен е уште еден гол за полесно да дишат. Зошто? Затоа што Тотенхем победи на првиот меч со 1:0, а сега има два гола на гостински терен.

На другиот четвртфинален меч Ливерпул веќе може да слави пласман во полуфиналето. Однесе на „Драгао“ предност од 2:0, а вечерва води со 1:0 по првите 45 минута. Садио Мане го даде голот во 26. минута.

СИТЕ ГОЛОВИ ОД МЕЧОТ ВО МАНЧЕСТЕР