Од таборот на Јувентус се надеваа дека оваа сезона ќе ја освојат титулата во Лигата на шампиони, но за жал тоа не се случи. Ајакс го совлада тимот од Торино со 2-1 и се најде во полуфиналето.

Кристијано Роналдо најмногу се надеваше дека токму тој ќе биде последниот и најважен дел од сложувалката која му е потребна на Јувентус за успех, но Португалецот не можеше сам.  Останува фактот дека не потфрли, на двата дуели против Ајакс.

Колку му падна тешко елиминацијата од ЛШ видовме по завршување на мечот, како Болт ги одмина новинарите, но затоа неговата мајка се огласи во јавноста и пренесе како се чувствувал.

„Му беше тешко, и поради навивачите и поради соиграчите, но ми кажа дека не е магионичар и дека сега не вреди. Јувентус е елиминиран, но живтот не застанува“, рече Долорес, мајката на Роналдо.

Португалскиот фудбалер во 2010 година последен пат беше елиминиран во четвртфиналето.