Шпанскиот тенисер го одигра првиот меч оваа година во Монте Карло, без проблеми го совлада сонародникот Роберто Баутиста-Агут (6-1, 6-1).

На Надал му беа потребни 77. минути за да дојде до победата, на противникот му препушти само два гејма. Првиот сет го реши во своја корист по половина час, а по новиот обид на Баутиста-Агут да направи чудо направи брејк 3-1 и искусно го приведе дуелот.

Подобриот од дуелот Димитров и Штурф ќе биде следниот противник за шпанскиот тенисер.