И покрај тоа што за него имаше интерес од Манчестер Јунајтед и ПСЖ, голманот Јан Облак стави крај на сите шпекулации со продолжувањето на договорот со „Јорганџиите“ до 2023 година.

Ова го објави официјално и клубот, со кој постигна договор за останување и во следните четири години.

„Среќен сум што најдовме заеднички јазик и што ќе бранам во овој тим. Најважно ми е што луѓето веруваат во мене, и затоа се решив да продолжам“, изјави Облак по потписот на новиот договор.