Садеф Хадем е првата боксерка од Иран која се појави на официјален боксерски натпревар одржан во Франција. И покрај тоа што сметаше дек апо враќањето дома ќе ја сметаат за херој, таа се соочи со налог за апсење.

Хадем ја победи француската боксерка Ана Шовин во саботата на еден аматерски турнир, па веќе во понеделникот требаше да се врати дома во Техеран, заедно со нејзиниот француско-ирански тренер. Иако се појавија на аеродоромот во Париз, таа и нејзиниот тренер на полетаа за Техеран, откако од советникот во Министерството за спорт на Франција дознале дека во Техеран ги чека налог за нејзино апсење.

Причина, Хадем го прекршила задолжителниот код за облекување на иранските жени. Таа на борбата во Франција се појавила во маичка без ракави (стандарден боксерски дрес) и шорцеви. Тоа, според иранските власти, е несоодветно за жените од Иран.

„Се борев на законски одобрен меч во Франција и носев шорцеви и маичка, што е сосема нормално во очите на целиот свет, но излезе дека сум ги прекршила правилата на мојата земја. Не бев облечена во хиџаб, а бев тренирана и од маж“, изјавила Хадем, очекувајќи нови вести за нејзината ситуација пред да тргне да се врати назад во Иран.