ФК Победа, барем според записниците, има нов тренер или пак Тони Мегленски не е тоа. Имено Блажо Панов, кавадарчанецот кој има ПРО лиценца, е шефот на стручниот штаб на прилепскиот прволигаш. Така пишува во официјалните записници на натпреварите од Првата лига, како овој што е изваден од протоколот од мечот со Беласица. Ова што го прави Победа не е ново во мак – фудбалот, и порано многу често тренери биле лица кои ја немаат потребната лиценца, тие ја водат екипата, ги тренираат а друг е запишан официјално како шеф на струката.