Во сабота, во рамките на 29. коло во ПМФЛ, во Турново се игра соседското дерби меѓу Академија Пандев и Беласица, тоа е четвртото дерби на Струмица во оваа сезона. На досегашните три меча „пандевци“ имаат три победи со гол разлика од 6:0. Интересно е тоа што новиот стратег на Беласица, Ацо Стојанов своето деби ќе го има токму на градското дерби. Од него се очекува да се обиде на Беласица да и го донесе првиот гол, првиот бод против Академија Пандев сезонава. Исто така јасно е дека на Беласица овој натпревар и значи премногу, со евентуални три бода „сините“ можеби се враќаат во игра за баражот.