Нашите надежи на пријателската средба со Словенија, за селекции до 15. години, на вториот меч одигра и второ реми, овојпат со резултат 1:1. Да потсетиме дека на првиот меч резултатот беше 2:2. Стрелец на голот за Македонија беше Арбин Курти.

Инаку на овој натпревар за нашата селекција настапија Талески, Фидановски, Стоилевски, Тодоровски, Здравковски, Ѓоргиевски, Курти, Талески, Таири, Јамини, Елмас. Во игра влегоа и Крстев, Цикарски, Стојоски, Антевски, Апостоловски, Џелили.