Еден Азар ќе стане трето засилување за Реал Мадрид во текот на летниот трансфер период, јави вечерва шпанскс „Марка“, весник близок до „кралскиот клуб“. По Родриго и Едер Милитао, најдобриот фудбалер на Челзи се сели во Мадрид.

„Марка“ тврди дека за неколку дена договорот со белгискиот играч ќе биде официјален. Трите страни во преговорите имаат сериозен напредок, па голема е веројатноста трансферот да биде многу скоро официјализиран. Азар е една од желбите на Зинедин Зидан, поради која тој и се врати на кормилото на мадриѓани, а од Флорентино Перез добил ветување дека истиот ќе биде реализиран.

„Марка“ шпекулира дека е договорена трансфер цена од 100 милиони евра за Азар.