Тотенхем успеа да направи сензација и да се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите што е најголем успех на Маурицио Почетино како тренер. Но Аргентинецот е скромен, смирен и вели дека ова не е неговиот најсветол момент  во кариерата.

Пред да дојде во Тотенхем, Почетино работеше во Еспањол и се присетува на тие моменти…

„Среќен сум поради пласманот на Тотенхем во полуфиналето на Лигата на шампионите. Тоа е супер но не и најголем момент во мојата кариера. Повеќе се радости и солзи ми донесе сезоната 2008/09 кога го спасив Еспањол од испаѓање од Ла Лига. Тоа момент побуди повеќе емоции кај мене“, изјави Почетино.