Хјустон без проблем ја совлада Јута со 118-88 и поведе  во четвртфиналето на плеј-офот во Западната конференција со 2-0. Рокетси доминираа од стартот на натпреварот, по првата четвртина имаа предност од 29-19 на крилата на Џејмс Харден, кој на одморот замина со 17 поени.

Иако Јута успее да го подигне нивото на игра, сепак не можеше сериозно да му се закани на фаворизираниот ривал.

На крајот Харден мечот го заврши со 32 поени, 13 скока и 10 асистенции и дојде до третиот трипл-дабл во плеј-офот во својата кариера. Крис Пол беше стрелец на 17 поени и 4 скока, на другата страна ист број на поени имаше Рики Рубио, кој додаде и 9 асистенции.

Харден имаше феноменални потези, со еден од нив буквално го посрамоти Рубио, го врати во деновите кога беше голема надеж во Шпанија.

Резултати: Бостон – Индијана 99-91 (2-0), Милвоки – Детроит 120-99 (2-0), Хјустон – Јута 118-98 (2-0).